Ова е само којзнае која епизода во серијата ноќен кошмар за македонското судство во која истото е деградирано, но за жал не е последна. Некни се оддржа избор за прв човек на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, прв пат преку гласање на сите Јавни Обвинители во Македонија, вкупно сто шеесет и тројца на број.
Пишува: Јанаки Митровски
Очекувано, минатата недела гласачката машина нa политичките партии популарно наречено собрание изгласа нови двајца судии во Уставниот суд на Република никогаш Северна само Македонија. Избраните судии се слика и прилика за државата. Двајца анонимци кои никогаш во својот живот не застапувале во прв степен а во случајот на госпоѓа Васиќ во ниту еден степен.
Изборот на Татјана Васиќ за Уставен судија е навреда за било кој правник кој држи до себе. Од советник во Министерство до Уставен судија е премногу уринирање по мојата убава глава, па макар и во Македонија да сме. Другиот избран кандидат, Фатмир Скендер, кој доаѓа од скопска Апелација- граѓански оддел е со троа повеќе искуство ако се изземе фактот дека пред да биде избран во Скопска Апелација беше на работно место правник во хидрометеролошки завод Дебар.
Ова е само којзнае која епизода во серијата ноќен кошмар за македонското судство во која истото е деградирано, но за жал не е последна. Некни се оддржа избор за прв човек на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, прв пат преку гласање на сите Јавни Обвинители во Македонија, вкупно сто шеесет и тројца на број.
Победи колегата Ислам Абази, досегашен шеф на Гостиварското Вишо Јавно Обвинителство, во тесна трка со Ермон Незири од ОЈО СКопје кој изгуби за само два гласа односно за Абази гласаа шеесет и шест, а за Незири шеесет и четири обвинители. Колешките Вилма и Деса добија занемарлив број на гласови. Колегата новоизбран Абази беше единствен кој не се појави на договорено ТВ излагање на кандидатите, презентирање на програма итн. што само јасно говори за неговата увереност во изборот.
Подолго време се шушкаше дека ова столче е резервирано за ДУИ, а кај нас шушкањата се посилни од закон и така и бидна. Џабе правдањата на колегата Абази кога веднаш по изборот се појавија повеќе негови фотографии со неколку челници на ДУИ. Уау, какво изненадување!!! Затоа ли колегата немаше одговор на прашањето зашто за давесет години апсолутна власт на ДУИ ниту еден нејзин функционер не одговарал за корупција.
ДУИ е во главна улога и во најновата афера на МНАВ или контрола на летање и обидот на директорите да поништат оглас и тестирање за осум контролори бидејки, читајте сега добро, децата на директорите и на други велможи до ДУИ не поминале. Човек веќе не знае ни дали е виц, заебанција, пренк, дали некој не дупи или ДУИ се толку одлепени што и за вакви важни безбедносни места МОРА да влезе наше дете!!!!
Па згора на тоа некоја несреќа од партиски директор ќе барал отчет зашто баш тие положиле. Еве хинт серко, најмногу биле подготвени! Министерот за транспорт пао е са Марса и нема мислење, што и би имал, ставен е да потпишува не да поставува прашања.
Ништо на ДУИ не му значи што од осумина најдобри, тројца се Абанци, а по пишувања на медиуми, еден од нив апла изгазил. Кој ги ебе кога не се членови на ДУИ и иднината што се ДУИ тиче може да си ја бараат по Швајцарии и Германии како плејада други млади и талентирани Албанци/ки.
Принципот НАШЕ ДЕТЕ кој за жал стана системски е она што не сјебува триесет и кусур години. Ни шиптари, ни каури, ни соросоиди нити педери, ма ни црн ѓавол Македонија ја нема сјебано како партијашиве гнасни кои набутуваат ќоро и сакато што би рекол Заев во Уставен, наше дете во Обвинителство за организиран криминал, и мое или ничие дете во контрола на летање, па макар и авион паднал. Од кал да е, наше да е!