Премиерот Димитар Ковачевски, по поскапувањето на одредени продукти чиј ДДВ од 5% се зголеми на 10% денеска изјави дека С Македонија има најнизок ДДВ во регионот, а прехранбените производи кои поскапеа и понатаму се со повластена стапка, т.е се под основната стапка за даночење од 18%.
Тој дополнително рече дека за оваа одлука имало многу детален брифинг од Министерството за финансии, а воедно на неа работеле и голем број на експерти, претставници од академската фела и стопанските комори, и затоа не треба да се прави хистерија и да се шират невистини за поскапување на некои производи, особено кај оние од повластената листа.
„Видов шпекулации дека брашното ќе се покачи, но не е точно. Хистерија се шири за ова и сметам дека е непотребно. Така што овие производи кои се прозведуваат на 5%, и се однесува на 1600 такви продукти кои остануваат на 5%, имаме гарантирани цени кои се оставени на стапки од 5%. Она што е направено е направено да го штити стандардот на граѓаните, второ ќе видите дека струјата не поскапи, не поскапи парното, ниту храната“, рече Ковачевски.
Премиерот кажа и дека не постои никаква селективност во спроведувањето на мерки, и со тоа според него, до крајот на годината ќе дојдеме 5% инфлација која ќе биде на ниво на едно од пониските во регионот и Европа. Тој рече дека треба а се земе во предвид и тоа што ДДВ во Македонија е најнизок во регионот и речиси во цела Европа, бидејќи кај нас изнесува 18%, додека пак во Србија 20%, Грција 21% и Албанија 20%.
„Листата, доколку постои некој производ 2-3 производи кои претставуваат во колични нешто што се користи во секојдневна основа, може да се разгледаат. Но листата е добро прегледана, но тие се оние производи кои во најголем дел се користат во нивната секојдневна употреба. Тука спаѓаат и производи во производство на храна, исто така земјоделска механизација, ѓубрива, и така натаму“, кажа премиерот.
.