Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, за време на посетата на САД се сретнала со популарната холивудска актерка Натали Портман.
Таа објави фотографија од нивната средба, и порача дека жените водат ботки на неколку фронтови, бидејќи напредокот на жената значи и напредок на државата.
-Имав прилика да разговарам со Натали Портман, актерка и застапничка за елиминирање на насилството врз жените и девојките, која посветува голем дел од своето време за поддршка на оваа наша заедничка кауза.
Ние, жените водиме битки на неколку фронтови, образование, репродуктивно здравје, економска независност, еднакви плати итн… затоа што напредок на жени насекаде, ќе значи и напредокот на државите, вклучително и нашата-истакна Ѓоргиевска.
Инаку, Портман е родена во Ерусалим, а на тригодишна возраст со родителите се преселила во Америка. Најпозната е по улогата на малата Матилда во филмот ,,Леон – Професионалец”, каде глумеше покрај Жан Рено.
Ѓоргиевска замина во САД пред два дена заедно со претседателот Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и придружба од 20 члена вработени во нивните кабинети.
Вики Клинчарова