Насер Зибери, со порака до Мицкоски и Заев: Вие не сте газди на оваа земја

by Fokus

Партијата на Али Ахмети го претстави својот кандидат за премиер. За челната позиција во новата влада, ДУИ го номинира нотарот Насер Зибери. Тој беше пратеник од редовите на Партијата за демократски просперитет (ПДП) во три мандати, а од 1996 до 1998 беше министер за труд и социјална политика и потпретседател на владата предводена од Црвенковски.

Зибери во своето обраќање се осврна и на изјавите на лидерите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои ја одбија идејата на ДУИ.

„Зоран Заев и Христијан Мицкоски! Вие не можете да го негирате правото на Албанците да имаат  премиер Албанец, вие не сте газди и сопственици на оваа земја“, истакна Зибери.

 

Поврзани новости