ДУИ денеска го објави својот предлог за иден премиер на државата, тоа е политичкиот аналитичар, нотар по професија и поранешен пратеник, Насер Зибери.
ДУИ во Преспа денеска ја започна предизборната кампања под мотот „Време е за премиер Албанец“.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека од Преспа се отворија вратите на Македонија за ероинтеграциите. Оптимистички најави дека државата за 5 години ќе биде дел од ЕУ и го најави Насер Зибери како премиер Албанец.
Насер Зибери рече: „Ме изненади понудата но и ме почести“.
Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, Општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Во минатото беше висок функционер на ППД, а во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски.. Пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката, и работи како нотар.