НАСА го одложи првото пробно лансирање на својата најмоќна ракета досега, што беше планирано за денеска.
Иако временските услови во Флорида беа поволни, одлуката за одложување беше донесена поради технички проблем, односно истекување на горивото за време на финалните подготовки за полетувањето.
„Денеска нема да има лансирање. Причината за тоа е крвавењето на моторот што не може да се поправи“, соопшти НАСА.
Следниот обид за лансирање ќе биде в петок, а третиот термин е 5 септември.
Спејс лаунч систем (СЛС) е најмоќното и најсложено летало дизајнирано од НАСА, што ќе биде основа на проектот „Артемис“, кој има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината по повеќе од 50 години пауза.
Новите мисии на Месечината треба да почнат најрано во 2025.