Нарушен е физичкиот интегритет на Запорожје, вели Гроси

by fokus

Физичкиот интегритет на украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од руската војска, е нарушен, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси по увидот на локацијата.

– Физичката целокупност на централата беше нарушена неколку пати. Ова е нешто што не може да продолжи да се случува, изјави тој пред новинарите при враќањето од централата, која е под руска контрола, на територијата која е под контрола на Киев.

Инаку, во мисијата учествуваат претставници на десет земји, меѓу кои и Македонија. Освен експерт од Македонија, свои претставници имаат и Албанија, Кина, Франција, Италија, Јордан, Литванија, Мексико, Полска, Србија.

Гроси, исто така, рече дека некои членови на мисијата на МААЕ, која тој сега ја предводи, ќе останат во седиштето до недела или понеделник. – Постои група која ќе биде таму до недела или понеделник за да продолжи да ја проценува ситуацијата во централата, чиј терен беше гранатиран неколку пати, што ги зголеми стравувањата од нуклеарна катастрофа, рече Гроси.

Поврзани новости