657
Народот си иде по своето, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев и објави фотографии од протестот против францускиот предлог.
-Река народ на денешниот протест го изрази своето незадоволство против понижувачкиот предлог на Европската унија. Народот пред Владата на Република Македонија упати јасна порака:
– Македонците не прифаќаат ултиматуми од бугарските врховисти;
– Mакедонскиот јазик не е дијалект и фуснота;
– Mакедонската историја нема да се ревидира по бугарска желба;
– Oставка од домашните квислинзи од СДС и ДУИ поради новото национално предавство.
Борбата за Македонија продолжува, порачаа од партијата.