Советот на Општина Карпош ги повредил правата на децата згрижени во детските градинки на оваа општина со тоа што донел одлука со која децата кои не се со место на живеење во ова општина треба да се отпишат најдоцна до 10 јуни 2022 година, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.
-Со донесената Одлука се врши повреда на правата на децата, им се наштетува на овие деца и се постапува спротивно на најдобриот интерес на децата загарантиран со Конвенција за правата на детето и со Законот за заштита на детето, а воедно се постапува и спротивно на Уставот на Република Северна Македонија, и побара отстранување на констатираната повреда, велат од Народниот правобранител.
Народниот правобранител согласно законски определениот мандат и надлежности, меѓу другото, за заштита и остварување на правата на децата, благовремено презеде дејствија и достави Укажување до градоначалникот на општина Карпош и до претседателот на Советот на Општина Карпош, за констатирана повреда на правата на децата згрижени во детските градинки во општина Карпош.