424
Народниот правобранител формирал предмет по сопствена иницијатива, за да се испитаат сите околности на случајот со бебето кое во тешка здравствена состојба беше донесено на Клиниката за детски болести заразено од туберколоза, а кое почина откако дополнително му се влоши состојбата, објави телевизија Телма.
Омбудсманот ќе бара одговори почнувајќи од грижата и негата за бебето, па сѐ до делувањето на социјалните служби.
Претходно таткото негираше дека неговото бебе, кое беше донесено во болница со само три килограми тежина било запоставено и неухрането, како што првично се пишуваше во јавноста, туку дека било предвреме родено.
Проверки направиле и социјалните служби во Куманово и констатирале дека нема пропусти во негата и грижата за бебето.