Народни песни во етно-џез стил, нов проект на нашата сцена

by fokus

Џез Вез, состав од повеќе музичари, ја промовираше обработката на старата народна песна „Каранфило филфило моме”, снимена во етно-џез стил.

-Почнувајќи од високо професионалниот приод кон идејните решенија на Никола Мицевски (аранжман, пијано) преточени низ интерпретацијата на веќе добро познатите Оливер Јосифовски (контрабас), Дино Милосављевиќ (тапани) и Петар Христов (сопран саксофон), па сѐ до магичната кохезија на гласовните капацитети на Ана Костова, Дани Димитровска и Сара Пројковска,се создаде едно прекрасно музичко доживување, зачеток на нова приказна, која допрва ќе изненадува-велат од продукцијата за првата песна од проектот.

Аудио Култура е просторот каде во живо е изведена оваа песна како прва од серијалот, а Alter Productions се потпишува како видео продукција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости