553
Во Народната банка се почнати активности со кои се разгледува можноста и потребата од воведување дигитален денар.
Оваа информација ја обелодени гувернерката Анита Ангеловска Бежоска во обраќањето на свеченоста по повод 30 години монетарна самостојност што се одржа синоќа во Скопје.
-Ако анализите покажат дека е потребно и соодветно воведување дигитален денар, при некои од следните одбележувања на денот на монетарното осамостојување, се надевам веќе ќе говориме и за дигиталниот денар како официјално платежно средство во земјата, рече Ангеловска – Бежоска.