Народна банка информирапе дека средствата на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент. Ова соопштение од Народна банка откако граѓаните денес се пожалија дека не можеле да платат со банкарските картиќки, ниту да извадат пари од банкоматите. Потоа со соопштение до јавноста излезе и Македонската банкарска асоцијација, која потврди дека има проблем со дел од банкарските картички за подигање на пари и за плаќање во трговијата.
„Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките“, соопшти Народна банка.
Од Народната банка велат дека континуирано ја следи ситуацијата и се во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите.