365
Народната банка повторно ја затегна монетарната политика со сет на повеќе мерки. Основната каматна стапка се зголеми за 0,15 процентни поени и стигна до ниво од 6,30%, што е едно од највисоките изминатите години.
Со овие мерки НБМ влијае врз амортзирање на ценовниот притисок. Зголемувањето на основната камата значи сигнал до банките за поскапување на кредитите, што пак може да се одрази врз економскиот раст. НБМ ја зголеми и стапката на задолжителна резерва на девизните обврски на банките од 20% на 21%.