Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, што се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“, не е документ со кој се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, реагираат денеска од Народна банка.
-Со ова решение на банката, согласно со Законот за банките и беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и слично, за кои што не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше известен и регулаторот на пазарот на капитал, велат од Народна банка.
Од Народна банка објаснуваат дека датумот на укинувањето на дозволата за работа на Еуростандард е со решение од 12 август