Народна банка ќе гради нова зграда, не се знае колку ќе чини

by Фокус

Гувернерот Димитар Богов во Економскиот магазин на телевизија Алсат М изјави дека Народната банка на Република Македонија (НБРМ) неодамна го добила проектот за изградба на нова зграда, но уште не се знае колку таа ќе чини.

-Се уште нема податоци колку ќе чини. Од изготвувачот на проектот бараме да ни даде ориентациона проценка за да може да бараме изведувач на тој објект. А, идејниот објект мислам дека е веќе познат, рече гувернерот Богов.

На прашањето на новинарот дали зградата ќе биде во барок, Богов одговори:

-Мислам дека тоа беше објавено во јавноста. Сега не знам, не се разбирам многу од стилови. Знам како ќе изгледа, но не можам да Ви ја опишам. Треба да ја видите на слика.

Поврзани новости