Група организации за заштита на слободата на медиумите денеска во Хаг го отворија таканаречениот „народен трибунал“ кој ќе се занимава со убиства на новинари ширум светот.
Трибуналот нема статус на суд, односно овластување да ги казнува сторителите, но ќе презентира докази во јавноста со цел да се прошири свеста за нападите врз новинарите, чии сторители често поминуваат неказнети.
Се очекува Трибуналот во мај следната година да ја објави првата проценка за бројот на напади врз новинари ширум светот.
Првото рочиште се одржа на Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите.
Пред трибуналот се појави филипинската новинарка Марија Реса, една од двајцата добитници на овогодишната Нобелова награда за мир. Таа предупреди на ситуацијата на социјалните мрежи, каде што рапидно расте бројот на пораки на омраза што се користат за замолчување на критичките гласови