Народен правобранител: МОН и Управата за водење матични книги постапуваат нецелосно

by Fokus

Народниот правобранител Насер Зибери образложувајќи го Извештајот од спроведената анализа, на денешната конференција по повод 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, истакна дека со дел од институциите нема доволно соработка и апелираше до овластените органи да вршат влијание врз овие институции во иднина да се подобри соработката со Народниот правобранител, да даваат навремени и суштински одговори во законски увтрдени рокови.

Во областа работни односи примени се 146 претставки, при што преземени 72 дејствија. Од доставените одговори 74 се суштински, а формални шест одговори. Во оваа област, соработката со државните органи е добра со исклучок, како Државниот универзитет Тетово и ЈСП Скопје. Дел од органите придонесуваат за одложување на постапката по предметите со доставување формални одговори, како што се Министерството за транспорт и врски, Министерството за труд и социјална политика, Јавните установи меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, МВР и Владата.

За правата на детето се примени 153 претставки, се постапувало по 129 од нив, а преземени се 233 првични дејствија. Од вкупно 179 одговори, 154 се суштински со доставување на целосни одговори, а 25 се нецелосни и формални. Народниот правобранител нотира добра соработка со меѓуопштинските центри за социјална работа, Заводот за социјални дејности, инспекциските органи при МТСП, Државниот просветен инспекторат кој секогаш во одговорите се и темелни и суштински. За разлика од нив, МОН, МТСП, МЗ, Управата за водење матични книги постапуваат нецелосно, повеќе формално или не доставуваат одговори.

Најави дека од следната година Народниот правобранител два пати годишно ќе прави вакви анализи, а податоците ќе ги објавува во јавноста со цел граѓаните да имаат увид која од институциите соработува, а која не.

Имено, во анализата е опфатено постапување по предмети примени во канцеларијата во Скопје, но и во подрачните канцеларии на Народниот правобранител во Битола, Куманово, Кичево, Струмица, Тетово и Штип, опфатен е бројот на претставки, рокот во кој е одговорено од страна на органите, дали одговорите се доставуваат во законски утврдениот рок, после рокот, или пак воопшто не одговараат, и следствено какви дејствија се преземени од страна на Народниот правобранител да се промени ваквото дејствување.

Анализата го опфаќа и квалитетот на добиените одговори – дали одговорите се суштинскии, целосно образложени и врз основа на тоа дали се овозможува ефикасна заштита на правата на граѓаните и непречено постапување на народниот правобранител или се одговори формални, нецелосни. Во анализата се претставени и дејствијата кои се преземени во случај на констатирани повреди на правата на граѓаните, но и соработката со органите.

Ерик Мејер, вршител на должност Амбасадор на САД во Република Северна Македонија рече дека човековите права се една од клучните компонентни на Самитот на претседателот Бајден Иницијатива за демократија, покрај тоа фокус е и борбата против корупцијата и авторитарните режими.

– Тоа се едни од основните вредности на САД, и се проткаени во се што правиме во Стејт департментот и во нашата меѓународна дипломатија. Човековите права се основата врз која се гради демократијата и тие се клучната врска со она што ја прави една држава голема. Слобода на изразување, права на работниците, национална безбедност и уште многу повеќе, рече Мејер.

Поврзани новости