Приведувањето на популарниот српски пејач Дарко Лазиќ, поради управување на возило во алкохолизирана состојба, позитивен на кокаин и со над 30 километри на час брзина повеќе од дозволената, деновиве е актуелно во регионот.
Околу неодговорното однесување на пејачот, кому му била одземена возачката дозвола пред околу десет години, а кој зад себе има низа на сообраќајни прекршоци загрозувајќи ја јавната безбедност, со осуда излегоа голем број на јавни личности.
Неговиот колега Аца Лукас, запрашан во ТВ емисија што мисли за настанот, кажа дека според него Дарко е добро момче, кое сака да прави глупости.
-Луѓето кои користат наркотици не смеат воопшто да возат! Кога ќе се отрезниш, седни пак зад воланот. Дрогата е ширум распространета, ако во сообраќајот има толку многу корисници на дрога, замислете колку воопшто ги има насекаде.
Родителите мора да бидат свесни дека кога одат во град, кога-тогаш нивните деца ќе се сретнат со дрогата – порача тој.
Инаку, Лукас не крие дека живее контроверзен живот и има низа на прекршоци зад себе.
Откри дека во неколку наврати платил казна во Германија.
-Во Германија сум платил казна поради прекршок во висина од пет, шест илјади евра. Последната која ја платив беше највисока, дури 25 илјади евра-рече музичарот, кој и покрај несериозниот начин на живот, е чест гостин во Македонија, а влезниците за неговите настапи се распродаваат со рекордна брзина.
Вики Клинчарова