494
Поради официјална посета на Република Северна Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Ирене Келин, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре, задутре и во петок, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Министерството за внатрешни работи, од тие причини, апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.