Наредната седмица медицински тимови од Словенија и Шведска доаѓаат на помош во земјава

by Fokus

Во првата седмица од август преку Механизмот за цивилна заштита, а по барање на Министерството за здравство, во државава ќе пристигне медицински тим од Кралството Шведска, во чиј состав ќе бидат десет медицински сестри и еден лекар. Во најава е и пристигнување на медицински тим од Република Словенија. Трошоците за патувањето и сместувањето ќе бидат на товар на Министерството за здравство.

За ова директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски ги информирал членовите на Главниот координативен кризен штаб за спречување на внесување и ширење на вирусот Ковид -19, кој на 24 јули го одржа 103. состанок, а чиј записник вчера го усвои Владата во рамки на 78.седница.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пак, информирал дека од Берлин е најавена соодветна помош (медицински персонал, лекови, заштитна опрема, респиратори итн.) за сите држави од регионот.

Поврзани новости