702
Следната седмица партиските органи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат и тогаш ќе го комплетираат составот на општините каде не се соопштени имињата, како и за кандидатот на Скопје. Ова денеска го истакна потпретседателот на партијата, Александар Николоски.
Официјално од познатите имиња за кандидати за град Скопје до сега се Ана Петровска од коалицијата „Зелен хуман град“ и актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов кој повторно ќе ја бара довербата на скопјани за нов мандат од редовите на СДСМ.