Наредена евакуација во калифорнискиот град Монтесито поради обилни дождови и поплави

by Fokus

Целиот град Монтесито во американската сојузна држава Калифорнија  синоќа доби наредба да се евакуира поради поројни дождови кои ги поплавија патиштата и предизвикаа излевање на реки.

Евакуацијата на 10.000 луѓе се случува на петтата годишнина од лизгањето на земјиштето во кое загинаа 23 луѓе и уништија повеќе од 100 домови во оваа енклава на Пацификот.

Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рече дека наредбата за евакуација „се заснова на постојано високи врнежи од дожд, без индикации дека ќе се промени пред вечерта (по локално време).

Монтесито, сместен помеѓу брегот на океанот и високите планини, е град во кој живеат побогатите луѓе и познати како војводата и војвотката од Сасекс.

По должината на брегот, издадени се наредби за евакуација на околу 32.000 луѓе во округот Санта Круз поради надојдените реки.

Поврзани новости