873
На местото каде беше планирано Панорамското тркало, дел од проектот Скопје 2014, од денес има пешачки мост, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно граѓаните може да го користат како јавен простор. Направивме модерен мост наместо најрасипничкиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, Панорамското тркало. Со стопирање на овој проект заштедивме 10 милиони евра пари на граѓаните и ги пренаменивме за други корисни проекти. Овој мост е победа на одговорното управување со вашите пари наспроти злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ“,додаде Шилегов. Мост