Дежурен јавен обвинител заедно со увидни екипи на МВР и обдуцен од Институтот за судска медицина извршија увид на местото на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14-годишно девојче, информира Основното јавно обвинителство Скопје.
-Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче, велат од ОЈО.
Извршен е разговор со две малолетни лица – сведоци на настанот. Направени се фотографии од местото и се работи на испитување на сите околности што довеле до трагичниот настан.