Општина Охрид изготви Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато, заради негово прогласување за заштитено подрачје.
Студијата ја изготви тим на Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје, а во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година.
Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за билогија на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции.
Во студијата е потенцирано големото значење на биолошката разновидност што ја поседува Студенчишкото блато во целокупниот еко-систем на Охридскиот регион. Исто така посочени се и актуелните закани за блатото, како и сите препораки за негова соодветна заштита.