Поради трендот на преминување од слободниот на регулираниот пазар на електрична енергија, кој прво започна со општините, заклучно со 30 јуни годинава беше направен непланиран увоз на струја од 30 милиони евра, посочи денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.
-До 30 јуни заради овој тренд беше направен непланиран увоз на електрична енергија од 30 милиони евра. Започнувајќи од 1 јули до сега, до почеток на ноември, не е направен никаков увоз, изјави Бислимоски во гостување на Блумберг адриа.
Овие количини на електрична енергија, како што кажа, наместо ЕСМ да ги пласира на регулираниот пазар по цена од 48 евра за мегават час, ги произведувал за да ја задоволи потребата на овие општинските претпријатија и останатите компании кои први почнаа со трендот на миграција од слободен на регулиран пазар.