Под слоганот „Напрај се Василичар“ ќе се одржи годинешниот Вевчански карневал, на кој се најавуваат над 1.000 маски, богата програма со културно – забавни содржини и повеќе од 10.000 посетители од земјата и странство.
Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, на прес-конференција најави дека општина Вевчани и вевчанци се подготвени за овогодинешниот карневал.
-Како градоначалник на општина Вевчани, од особена чест и од голема важност е да го најавам историскиот „Вевчански карневал“ за 2020 година. Повикувајќи се на овогодинешнот оригинален слоган: „Кеојш?“ Ќе ви одговорам: „На Вевчански!“ и ве повикувам и вам да станете Василичари – изјави Јанкоски.
Вевчанскиот карневал се празнува секоја година од 12-ти до 14-ти јануари и е посветен на Свети Василиј Велики. Годинава гостите ќе ги забавуваат Влатко Лозаноски – Лозано, Брас Бродерс, Ај Кју, Татијана Стефановска, Дамјан Стојановски и други. Најавени се изложби, гурмански шоу –програми, и многу забавни содржини.
Вики Клинчарова