Наполи киксна, Милан и Јувентус одат во ЛШ

by fokus

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас со Наполи нема да бидат дел од Лигата на шампионите наредната сезона, откако во последното коло одиграа само 1:1 против Верона.

Овој кикс на Наполи го искористија Милан и Јувентус, кои со победи обезбедија пласман во најсилното фудбалско натпреварување.

Јувентус без Роналдо славеше над Болоња со убедливи 4:1, додека Милан со два гола од пенал на Кеси славеше над Аталанта со 2:0.

Со тоа, Интер заврши прв, Милан втор, Аталанта трета, Јувентус четврти, а Наполи петти на првенствената табела.

Уште претходно италијанските медиуми тврдеа дека Џенаро Гатузо нема да биде тренер на Наполи следната сезона, но тоа сега е и официјално откако заврши сезоната.

Сопственикот на клубот, Аурелио Де Лаурентис испрати директна порака до Гатузо, посакувајќи му среќа во продолжение од кариерата.

„Драг Рино, среќен сум што ги минав последните две сезони со тебе. Ти благодарам за завршената работа и ти посакувам среќа каде и да работиш. Испраќам прегратка до твојата сопруга и децата“, напиша Де Лаурентис.

Поврзани новости