866
Фудбалскиот клуб Наполи, каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, ја освои титулата во италијанскиот куп откако го порази шампионот Јувентус во изведувањето на пеналите.
Во првото полувреме Наполи неколкупати се закани пред голот на Јувентус, но поуспешен беше голанот Буфон, а во една прилика беше погодена стативата.
Во второто полувреме најголемата шанса Наполи во регуларните 90 минути ја имаше токму преку Елмас, кој сепак не успеа да постигне погодок од идеална шанса.
Потоа, следуваа пеналите, а поуспешен беше Наполи и стигна до оваа титула по 6 пат во историјата.