814
Во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти, поради што се работи на интензивна реорганизација и соодветно згрижување на сите.
Од Министерството за здравство велат дека вработените во тетовската болница добиваат соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети.
„Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потрбно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден“, велат од МЗ.
Од таму додаваат дека размислуваат и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре.