Написите на „Фокус“ за Онкологија се најдоа во германски „ФАЦ“: Скандалозно и за популарни стандарди!

Луѓето во Северна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ ​​го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за популарни стандарди. Според откритијата, кои сега ги истражува судството, од најважната Клиника за онкологија во земјата очигледно систематски биле украдени скапи лекови за рак и се продавале на црниот пазар, пишува „ФАЦ“.

by Фокус

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави текст за Северна Македонија под наслов „Корупција во името на ЕУ“, во кој, покрај останатото, се споменува серијалот на неделникот „Фокус“ за скопската Клиника за Онкологија, врз основа на кои беше покрената предистрага за препродажба на лекови за болните од рак. Како што пишува „ФАЦ“, се работи за скандал.

„Луѓето во Северна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ ​​го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за популарни стандарди. Според откритијата, кои сега ги истражува судството, од најважната Клиника за онкологија во земјата очигледно систематски биле украдени скапи лекови за рак и се продавале на црниот пазар“, пишува „ФАЦ“.

Инаку, по неколку написи во неделникот „Фокус“, Обвинителството отвори предистражна постапка, во чии рамки  полициски инспектори извршија претрес на Онкологија и во домови на вработени и прибраа документација. Како што пишувавме, се работи за криминална шема за препродажба на скапата билошка терапија, која наместо за тешко болните завршувала на црниот пазар.

(АРХИВА) Доктори и сестри крадат лекови за болните од рак, скапата терапија завршува на црниот пазар!

 

(АРХИВА) Наместо со биолошка терапија, болни од рак „лечеле“ со физиолошки раствор?!

 

(АРХИВА) Онкологија набилда долг од 20 милиони евра, вработени крадат цитостатици од болните од рак!

 

(АРХИВА) „Фокус“ ги открива сите детали за Онкологија: Дали истрагата ќе удри по главата на криминалниот октопод или ќе паднат само ситните риби?!

 

(АРХИВА) Нови сведоштва и сознанија за Онкологија: Косовски пациенти плаќале на рака и биле лекувани преку фиктивни истории од починати пациенти!

Поврзани новости