525
Еден од терористите кој го изврши нападот во џамии во новозеландскиот град Крастчрч објавил видео во живо на Фејсбук. Клипот е маркиран за време на нападот, објави „Вашингтон тајмс“.
Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот.
Видеото е веќе избришано од Интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи.
Најмалку 40 луѓе загинаа во нападот и повеќе од 20 се ранети и во тешка состојба.