Човекот обвинет за прободување на Салман Ружди на сцената за предавање во западен Њујорк, во интервју изјави дека бил изненаден кога дознал дека успешниот автор го преживеал нападот.
Зборувајќи за Њујорк Пост од затвор, Хади Матар рече дека решил да се види со Ружди во институцијата Чаутауква, откако минатата зима видел твит за планираниот настап на писателот.
„Не ми се допаѓа личноста. Мислам дека не е многу добра личност“, изјави Матар за весникот. „Тој е некој што го нападна исламот. Тој ги нападна нивните верувања, системите на верување“.
Матар (24) рече дека го сметал починатиот ирански водач, ајатолахот Рухолах Хомеини за „голема личност“, но не сакаше да каже дали ја следи фатвата или указот, издаден од Хомеини во Иран во 1989 година, кој повикуваше на смрт на Ружди откако авторот објави „Сатанските стихови“.