70
На човекот кој ја нападна данската премиерка Мета Фредериксен во Копенхаген му е одреден 12-дневен притвор, соопшти данската полиција.
По нападот, Фредериксен била пренесена во болница каде и била констатирана повреда на раката.
Полицијата смета дека нападот не бил политички мотивиран, а напаѓачот бил во алкохолизирана состојба кога бил пронајден.
Данскиот портал Ekstra bladet наведува дека мажот (39) не е дански државјанин ниту пак го зборува данскиот јазик.