Напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург обвинет за пет убиства

by fokus

Германските власти го обвинија осомничениот за смртоносниот напад во петокот на божиќниот пазар во источниот град Магдебург, во кој загинаа пет, а беа повредени 200, соопшти полицијата рано утринава, јави ДПА.

Осомничениот, кој е идентификуван како Талеб А. според германските закони за приватност, тој е обвинет за пет убиства, повеќекратни обиди за убиства и тешки телесни повреди на повеќе од едно лице.

Тој останува во притвор, соопшти полицијата. Осомничениот синоќа бил изведен пред судија.

Поврзани новости