807
Аријанит Џафери, напаѓачот на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, веќе се наоѓа во полициска станица каде што е повикан на разговор по синоќешниот напад, дознава „Фокус“.
Џафери е син на висок партиски функционер Муса Џафери, кој од Бислимоски е пријавен дека синоќа го нападнал додека седел во кафеана во Дебар Мало.
Тој е сопственик на фирмата „У Пауер“, која е на листата фирми на Регулаторна за одземање лиценци на снабдувачи на електрична енергија бидејќи не ги обезбедиле навреме и во целост количините на струја до потрошувачите со кои имаат склучено договори.