Напаѓачот кој уби 8 луѓе во Тексас – член на неонацистичка група

by Fokus

Властите во Тексас го идентификуваа вооружениот напаѓач кој уби осум луѓе, меѓу кои и деца, во трговски центар во близина на Далас.

Се работи за 33-годишниот Маурицио Гарсија.

Вчера тој уби осум лица во трговски центар во градот Ален, Тексас, а го уби и полицаецот кој во тој момент случајно се нашол во близина.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека напаѓачот користел пушка АР-15 и носел борбена опрема во вчерашниот напад.

Инспекторите, цитирани од американските медиуми, велат дека тој најверојатно имал врски со екстремната десница, што е наведено од еден детал во облеката што ја носел.

Два извори изјавија за Би-Би-Си дека се верува дека дел од облеката е RVDS, што значи „Десничарски одред на смртта“ – за кој се верува дека е неонацистичка група.

Според извештаите, полицијата извршила претрес во блискиот хотел во кој престојувал Гарсија, како и една куќа во градот.

Најмалку три повредени жртви останаа во критична состојба.

Гарсија имал и пиштол, а во неговиот автомобил биле пронајдени повеќе оружје и муниција, изјави истражителот. Се вели дека носел и оклопна балистичка опрема.

Инспекторите ги „чешлаат“ социјалните мрежи и интернет сметките барајќи индиции за тоа дали можеби имал врски со домашни екстремисти.

Поврзани новости