226
Директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди вели дека нападот врз контролорите на летање бил конфликт меѓу колеги кои се познаваат 20 години. Тој вели дека се работи за кошкање кое го имало во секоја организација. Се работи за конфликт од лични причини помеѓу двајца вработени во М-НАВ, објасни Хамиди за вчерашниот инцидент.
„Се случил немил настан, дефинитивно. Се работи за конфликт помеѓу колеги, се знаат 20 години, заедно биле на тестирање“, рече Хамиди.
Вели дека не се видел со Беким Незири, кој ги внел насилниците внатре во кулата за контрола на летања.
Сепак, Хамиди гарантира дека безбедноста на М-НАВ не е загрозена, ниту ќе биде.