Нападнати повеќе украински градови

by Fokus

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека „салва“ проектили ја погодиле неговата земја откако Русија се закани со брза одмазда за нападите врз бродовите во Црно Море.

Тој упати апел до западните земји да ја вооружат Украина со воени авиони Ф-16, за да може да се „затвори небото“.

Претходно, украинската армија објави дека руското воено воздухопловство е активно во источниот дел на Украина.

Според украински извори, Русија изврши голем напад врз Украина. Ширум земјата се слушаат експлозии, а Украинците тврдат дека Русите користат хиперсонични ракети Кинџал во нападите врз градовите.

Исто така, според некои информации, Русите истрелуваат проектили од територијата на Белорусија.

– Во моментов, регионите на Киев, Винусија, Житомир, Черкаси се нападнати. Но воздушни сирени се слушаат низ целата земја, изјави објави портпаролката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Јулија Мендел.

Русија извршува напади додека во Саудиска Арабија се одржува мировен самит, на кој не учествува руски претставник. Високи претставници на околу 40 држави, меѓу кои и САД, Кина и Индија, денеска во саудискиот град Џеда почнаа преговори, кои, како што Киев и украинските сојузници се надеваат, треба да резултираат со договор за клучните принципи за ставање на крај на војната во Украина.

Поврзани новости