Полицијата информира дека вчера во 18.20 часот на ул.„.Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници ги привеле И.Т.(43) и И.Т.(46), двајцата од Скопје, затоа што по претходно случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир, агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обиделе физички да ги нападнат.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неколку часа претходно, во кругот на Полициското одделение Сарај, полицајци го уапсиле А.С.(18) од с. Крушопек, општина Сарај, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.