396
Скопјаните Н.Б. (36) и И.П.(34), кои ноќеска биле ангажирани како музичари во угостителски објект на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, 50 минути по полноќ биле физички нападнати од двајца гости во локалот – К.М.(35) од Скопје и М.Б.(23) од тетовското село Брвеница.
МВР соопшти дека нападот утрово во шест часот во Полициската станица Аеродром го пријавил Н.Б., кому по физичкиот напад му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Телесни повреди добил и И.П.
МВР не ги наведува причините за насилството. Напаѓачите К.М. и М.Б. се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.