Нападнати ЛГБТИ активисти во Сарај веднаш по Парадата на гордоста

by fokus

Активисти на ЛГБТИ биле вчера нападнати во Сарај, веднаш по Пардата на гордоста која се одржа во центарот на Скопје. Меѓу активистите бил и  Беким Асани од Тетово, кој бил и физички нападнат.

Околу десетина лица почнале прво да ги навредуваат седуммината активисти откако го препознале Асани меѓу нив. Тие ги следеле со возило Ауди со скопски регистарски таблички. Аудито ги престигнало кај плоштадот „Иса Булетини“ во Сарај и го блокирало патот на таксито во кое се превезувале активистите. Во еден момент напаѓачите излегле од возилото по што и физички ги нападнале. На Асани му била искината маичката и бил удрен со тупаница.

Поголем инциденти бил спречен бидејќи навреме пристигнала полициска екипа. Еден од напаѓачите бил приведен, а активистите завршија во полициска станица каде синоќа го приавуваа случајот.

Поврзани новости