604
Двајца полицајци биле физички нападнати од страна на двајца браќа, за кои имало пријава за гласна музика и нарушување на јавен ред и мир, информираа од МВР.
Според информации од полицијата, полициските службеници утринава околу 4 часот изглегле на терен по пријавата за гласна музика во село Кучевиште во близина на црквата „Св.Спас“.
Како што информира МВР, бучавата доаѓала од семејната куќа на браќата Љ.К и В.К., кои биле затекнати во видно алкохолизирана состојба.
При интервенцијата, двајцата браќа ги нападнале полицајците и се дале во бегство, но набргу биле пронајдени и приведени во полициската станица во Чаир.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.