Нападната екипата на ТВ 24 во Штип

by Fokus 13:10
13:10

Екипата на Телевизија 24 беше нападната во Штип вршејќи ја својата професионална должност.

Лице кое се претставило дека е обезбедување на трговскиот центар во Штип и пришло на екипата која снимала инсерти кај Трговскиот.

- Advertisements -

Првин вербално им се заканил со зборовите „ќе ја искршам камерата“, а потоа замавнал, обидувајќи се да ја скрши. Случајот е пријавен во полиција.

Екипата на ТВ 24 објави сторија за сомнителна доградба на Трговскиот центар во Штип којашто постојано ја следат низа контроверзии.

Поврзани новости