404
Непознати лица ја нападнале амбасадата на Белорусија во Хаг, при што е уапсен еден осомничен, соопштидипломатското претставништво на Белорусија.
„Инцидентот се случи во ноќта меѓу 1 и 2 јули. Како резултат на вандалскиот чин, скршен е прозорец, а фасадата на амбасадата е извалкана“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.
Во соопштението се наведува дека полицијата го привела напаѓачот.
Холандските медиуми јавуваат дека за време на инцидентот непознати лица скршиле неколку прозорци со камења и напишале на ѕидовите, меѓу кои и обвинувања против претседателот Александар Лукашенко за тероризам.