511
Лидерот на албанските демократи Сали Бериша денеска беше нападнат за време на протестот што се одржува во Тирана, каде се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан.
Бериша беше удрен со бокс во лице, од 25-годишен маж, кој присутните, го оттргнале и го претепале па е пренесен во болница.
Бериша, иако беше удрен во лицето, излезе на говорницата и ги поздрави учесниците велејќи „ништо на светот нем да го порази народот и опозицијата“..
-Ништо на светот не може да нè победи нас, луѓето на опозицијата, луѓето на победата. Долу Еди Рама, долу криминалците, ќе победиме. Да живее албанската опозиција. Голема почит што сте овде денеска за да протестирате против режимот на криминалците. Ви благодарам многу.