Нападнат полицаец во Крушево

by fokus

Полициски службеник во Крушево бил нападнат од жител на Прилеп, додека ги извршувал своите работни задачи од областа на сообраќајот, пренесува МВР.

„На 20.01.2019 година во 14.00 часот во Крушево, кај градската автобуска станица, при извршување работни задачи од областа на сообраќајот, полициски службеник бил физички нападнат од Г.Д.(40) од Прилеп. Г.Д. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Крушево.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Поврзани новости