458
Полицаец бил нападнат пред министерството за надворешни работи од непознато лице додека го обезбедувал објектот, информираа од МВР.
Според полицијата, синоќа околу 01.30 часот пред Министерство за надворешни работи во Скопје, од страна на непознато лице физички бил нападнат полициски службеник кој вршел внатрешно обезбедување на објектот. Имено, полицискиот службеник слушнал тропање пред објектот и кога излегол надвор забележал неколку непознати лица од кои едниот физички го нападнал. Во врска со настанот, во Полициска станица Центар биле приведени М.Ј.(30) и Ф.В.(30) двајцата од Скопје, Б.Д.(29) од Куманово и В.Д.(32) од Тетово.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.