Нападнат е вработен во струшката болница, уапсен е 37-годишник

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 04.45 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Б.С.(37) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека на Хируршкото одделение во болницата во Струга агресивно се однесувал и попречувал вработен при извршување службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани новости